ФРОДЕМ до Мицкоски: Да престане евтината претстава за уцена и притисок на институциите и девалвација на партијата

Од:

„Нелегално избраниот претседател на ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во име на ВМРО ДПМНЕ повторно со зборовите и аршинот на неговиот претходник: „Политички прогон на неистомисленици, уметници, оперски пеачи, режисери, архитекти и останати. Немање на демократски амбиент“.

За да си ја исполни зацртаната и договореназадача повторно оваа персона,24/7 ја активира фабриката за баналности, продуцирање аферии манипулации. Повторно со уцена кон највисокиот законодавен дом и притисок врз судството. Тој и групата пратеници зад неговиот тил, наместо јавно да се извинат за сите сторени срамотилаци и арамилаци тие и понатаму сеат магла и се обидуваат да условуваат, па дури и да уценуваат. Тие и понатаму живеат во времето на нивниот идол Груевски и понатаму сметаат дека дека народните пратеници треба да бидат недопирливи и да прават што сакаат. Тие никако да разберат дека пратеничкиот имунитет не смее да биде параван за неодговорност, беззаконие, јавашлук и неправда.Човеков и тие зад него никако да разберат дека споменатите во чие име се врши притисокот и уцената не се обвинети затоа што се уметници, режисери или оперски пеачи, туку затоа што сториле кривично дело казниво според кривичното законодавство.

Нелегално избраната персона наместо јавно да и се извини на целата нација и поединци за стотиците монирани кривични дела од страна на претходното државно и партиско раководство, за безмислосниот прогон кон партиските неистомисленици, за сето сторено зло и криминал од поранешните и од сегашните негови негови први соработници, тој продолжува и понатаму да одработува и да манипулира.

ФРОДЕМ јавно му порачува да престане со евтината претстава за уцена и притисок на институциите и да престане да ја девалвира партијата. Наместо да им се додворува на притворените и да глуми единство и сплотеност во пратеничката група, најдобро би било да каже кој е нарачателот, сценаристот и финансиерот на крвавото сценарио од 27 април минатата година.

Зa ФРОДЕМ дијалогот, процесот на помирување и иднината на Република Македонија не смее да биде условуван од никој, а најмалку од соученици и заштитиници на криминалните дејствија и злосторства во минатото и денес.

Би можело да ве интересира

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС

Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

(ВИДЕО) Мицкоски: СДС и ДУИ неколкумина од власта се граѓани од прв ред, а сите други од втор ред

Катерина Ѓуровски