А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Криминализираната партиската врхушка се понервозна поради стравот некој од „кругот“ да не пропее пред СЈО

by А1он07/05/2016 - 10:0507/05/2016 - 19:42168
Share0

„ФРОДЕМ e згрозен од се посериозните информации кои говорат за пазарење на врхушката на ДПМНЕ, за спас на кожата на неколкумина. Целта е со пазарот да се спасат неколкумината најблиски, а другите да се ,,пуштат“ низ вода. Вештачкото форсирање победнички дух и глумењето непопустливост е во функција на пазарот за личен спас. Падна маските на лажните моралисти и квази патриоти. Патриоти за преполн сопствен џеб. На членството и на целата домашна и меѓународна јавност секој ден им станува се појасно како големите патриоти демохристијани се богателе во име на народот и од народните пари.

Добивај вести на вибер

Веке не помагаат тајните и јавните контроли на лојалноста, ниту суптилните или јавни закани од причина што на сите им станува јасно дека неможе да се брани неодбранливото и криминалот. Криминализираната партиската врхушка станува се понервозна поради стравот некој од „кругот“ да не пропее пред СЈО, иако некои одамна ја имааат ,,испеано“ својата песна. На партиските прислушници кои свесно или несвесно се влезени во криминалниот лавиринт секојдневно животот им станува пекол. Колку побрзо соберат храброст и излезат од тој лавиринт и се соочат со правдата, толку подобро за нив.

Борбата која ја води ФРОДЕМ е борба за доброто на народот, борба за слобода, демократија и достоинство и борба за почитувана држава во вистинска смисла на зборот. Тоа е битка за враќање на партијата на членството, а државата на народот. Toa e битка за демократска консолидација. Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ не смеат и понатаму да останат заложници на болните и непромислени авантури на алчните и лажни патриоти. Патиштата за остварување на овие заложби се различни, но една е целта: Слободна и праведна Македонија ослободена од криминалните структури, партиски профитери и лицемери“, соопштуваат од ФРОДЕМ – Фронт за демократска Македонија.

frodem

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:0817/10/2020 - 21:27

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска23/07/2020 - 11:09

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска29/06/2020 - 12:3729/06/2020 - 12:37

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска22/01/2020 - 10:4022/01/2020 - 10:43

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ05/01/2020 - 10:2506/01/2020 - 08:21

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска26/12/2019 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен