А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Конгресот во Валандово не е легален израз на волјата на членството на ВМРО-ДПМНЕ

by А1он22/12/2017 - 13:5322/12/2017 - 14:02246
Share0

„ДПМНЕ и ВМРО се соочуваат со значајна одлука. Дали ќе одбере забрзано пропаѓање во интерес на една личност или избор во интерес на стотици илјади членови со што ќе направи брз пресврт за враќање на власт. ФРОДЕМ не го смета партискиот собир во Валандово за легитимен и легален израз на волјата на членството на ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е Конгрес на партијата. Ова е Конгрес на ретроградните и новодојдени сили во партијата. Со еден кандидат за претседател на партијата нема ни демократија, ни промени. Сепак, ако се сака да се покаже волја за сепартиско обединување, овој партиски настан, собир, може да се искористи за формирање на заедничко Координативно тело кое во догледно време ќе создаде услови за одржување регуларен Конгрес, со нови делегати и демократски Статут.

Следете a1on на Instagram Instagram

Настојувањето по секоја цена да се избере еден некредибилен кандидат, повеќе познат како поранешен член на Либерално демократска партија, наспроти потребата за обединување, е крајно погубна за партијата. Само ново Координативно тело составно од кредибилни, и личности кои не се обвинети по ниту еден основ би ја вратила силата на партијата.

Доколку по секоја цена, без легалитет и легитимитет, врз основа на авторитарен статут кој се менува преку ноќ, се избере претседател, тогаш не преостанува друго туку и за ова прашање да ве гледаме по судските ходници. Повредата на правата на членството и на статутот дефинитивно ќе има судска разрешница. Изборот на претседател е нестатутарен и недемократски.

ФРОДЕМ неколку години укажува на деструктивната политика која ја носи партијата во безизлез. Сега кога колапсот грубо тропа и гребе пред портите на партијата се преземаат очајнички потези. Понудата која се нуди е понуда на пропаст и уцена.

Следете a1on на Youtube YouTube

ФРОДЕМ ги повикува присутните во Валандово да се фокусираат кон победа, а не кон пораз. Да покажат решителност и одважност. Повикуваме на консолидација и обединување на сите прогресивни струи во партијата. Сите добронамерни, демократски, слободоумни членови и групи треба да се обединат и да ја обноват моќта на ВМРО. Се друго е пропаст. Треба да се договори и изгласа обединување, треба да изгласаат заедничко координативно тело кое ќе доведе до трансформација на партијата и брзо враќање на политичката сцена. Време е да се стави крај на губитничката политика на „одбрана и последни денови“,краткотрајна хаварија која ќе доведе до ништење на вмровското ткиво.

Конечно, траорната слика од судниците треба да се замени со слика на достоинство и пат за враќање на кормилото на државата.

Изборот на заедничко координативно тело кое ќе ја врати политиката од обвинителните клупи, во власта, во Владата на Република Македонија. Тоа единствено е можно доколку се одбие диктатот за еден единствен, погубен избор, избор за одработување , наспроти избор за заедничко добро. Потребен ни е општоприфатен, сепартиски Конгрес, на кој растоварени, патриотски охрабрени, одговорно ќе се одлучиме за новото раководство на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ е моќна, историска партија. Нашата моќ е во обединувањето на сите групи, структури во една целина. Ова едноумие уште од недела ќе испорача нови и опасни поделби. За едно ВМРО срамота е стравот и грчот да бидат идеја водилка. Уште поголем срам е партијата да биде покритие, штит за заштита на приватни потрошени интереси, за покривање огромен криминал. Затоа, дајте да и вратиме душата на партијата и од длабока дефанзива, очај, за брзо време да ја вратиме да раководиме со државата“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

dpmnefrodem

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски01/07/2026 - 14:3401/07/2026 - 14:38

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Катерина Ѓуровски29/06/2026 - 11:51

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 11:45

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/06/2026 - 09:30

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Катерина Ѓуровски27/05/2026 - 12:50

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски25/05/2026 - 12:5925/05/2026 - 12:59
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто