ФРОДЕМ се обрати до народните пратеници, и како што велат народните платеници.
„Почитувани народни пратеници и платеници
Верувајќи дека денес дел од народните пратеници ќе направат напор да се спротивстават на донесената одлука за распуштање на Собранието на Р. Македонија, се обраќаме до народните платеници од кои бараме барем еднаш во својот живот да покажат доблест и храброст и да се приклучат на пратениците во корекција на донесената одлука за распуштање.
ФРОДЕМ смета дека избори не смеат да се одржат додека не се овозможи минималнo демократскo стабилизирање и нормализирање на Македонија. Според ФРОДЕМ тоа во најмала рака подразбира: разганичување на државата од партиско-политичкото одлучување, легитимност на законите и политичките одлуки, институционализација и владеење на правото, доследно почитување на начелото на поделба на власта, решавање на политичкиот конфликт според начелата на демократијата, дијалогот и толеранцијата и постигнувањето консензус меѓу клучните политички фактори. Кон ова треба да се надоврзе целосната реализација на превземените обврски од договорот од Пржино, а особено прочистениот избирачки список и слободата на медиумите и медиумскиот простор.
Сите граѓани во Република Македонија се сведоци на подолготрајното бесплодно политичко манипулирање наместо преземање на одговорност во спроведување на вистинска демократија, ред и поредок, односно еднаковост на граѓаните пред законите и пред државните институции. Ни се случуваат опасни суштински пореметувања на политичкиот, правниот и економскиот систем, кои ја претворија предимензионираната држава во тоталитарна, во ненароден државаен бирократски апарат, кој се повеќе да се потпира врз присилба и репресија, а нејзините институции во формална мимикрија на инструменти кои ги спроведуваат партиските налози.
Затоа доколку не се создадат услови и доколку не се гарантира дека изборите ке бидат кредибилни и веродостојни, пратениците и платениците имаат обврска да не дозволат и понатаму со огромно малцинство од вкупното гласачко тело, кое се движи нешто над 20%, да се воспоставува авторитарно владеење, да се донесуваат какви се сакаат закони и одлуки, без грижа за нивниот легитимитет и за уставно загарантираните интересите на останите 80% од населението!
Ваквото суспендирање на уставниот поредок и на основното уставно начело на граѓански суверенитет, каде што човековите слободи и права се алфа и омега, отвори простор за дивеење на идеолошки, националистички и други колективни манипулации. Обие брутални суспендирања на поредокот популистички се оправдувани со “повисоки” интереси на народот, нацијата или државата, соседски закани и слични опасни лаги и манипулации, а паралелно е воспоставен систем на организиран парадржавен криминал односно целосна симбиоза и препокривање меѓу државата и организираниот криминал!