ФРОДЕМ: Груевски не ја одби аболицијата на Иванов и со тоа призна дека е виновен

Од:

„На денешната прес конференција Никола Груевски не ја одби аболицијата на Иванов и со тоа призна дека практично е виновен. Загрижува неговата леснотијата на извртување на фактите и манипулации со кои сите нас не гледа во очи и најбезобзирно не лаже. На сите им е јасно дека актот на Иванов е издиктиран директно од партискиот штаб на ДПМНЕ.

ФРОДЕМ изразува силна огорченост од незаконитиот акт на Иванов за божемна аболиција. Оваа „дабл тоалетна хартија“ никому ништо не може да му гарантира, ниту да му даде некакво право или ослободување од гонење. Напротив, секому може да му залепи јасна ознака и печат дека е криминалец кој се обидува преку нелегален и нелегитимен чин да се извлече од раката на правдата, која секогаш е долга и упорна!

ФРОДЕМ потсетува дека Ѓорге Иванов е „избран“ за претседател на нелегални и фалсификувани избори кои се одржаа во 2014 година. Тие кои сега се обидува да ги ослободува се директно осомничени и обвинети за фалсификување на изборите на кои тој наводно е избран за претседател. Од овие причини Фродем ќе поднесе кривична пријава за злосторничко здружување, злоупотреба на службена положба и овластување и соучесништво во кривичните дела поврзани со изборниот фалсификат.

ФРОДЕМ реагира на задоцнетата посета на претседателите на Словенија и Хрватска, г.Пахор и г-ѓа Грабар, поврзана со мигрантите, која беше злоуптребена од нелегалниот Иванов за препокривање на тешката политичка хаварија која тој и ја приреди на Македонија. Фродем дополнително е иритиран затоа што овие високи претставници беа искористени за почеток на една нова бегалска криза, со бегалци и барателите на политички азил, но сега од Македонија“, велат од ФРОДЕМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска