ФРОДЕМ: Чавков е видовит човек, па знае дека полицаецот од „Диво Насење“ се збунил

Од:

ФРОДЕМ реагира на изјава на министерот Митко Чавков во врска со судењето за настаните во Диво Насење.

„Митко Чаков министер во заминување, а во слободно време ,,видовит” човек, за полицаецот кој дал исказ за случајот „Диво насеље“ вели дека најверојатно станува збор за забуна при давање на исказот. Односно според неговата изјава не се работело за дилема туку забуна која треба да ја расчистат одбраната и обвинителството. Да ја потсетиме јавноста дека Диво насеље се случува во период кога Чавков беше директор на јавна безбедност во МВР и е еден од најдоговорните за овие случувања и за задоценатат реакција на полицијата која дозволила терористи од друга држава длабоко да навлезат на територијата на Р. Македонија.
Меѓутоа Чавков уште денес мора да одговори што доколку не било забуна, ниту дилема туку објективен исказ на полицаец кој сеуште е на служба во МВР кој учествувал во акцијата за елиминација на терористите,човек на кој му проработела совеста. Што доколку полицаецот уште еднаш ја повтори својата изјава со истата содржина. Дали тогаш Чавков ќе биде збунет, ќе кажува некоја друга (своја) приказана или ќе биде првиот кој ќе пропее и ќе ја каже вистината.

Тешко на Македонија и на сите нас ако имаме вака лесно збунливи полицајци како што кажува Чавков.

Со оглед на многуте нејаснотии за овој случај како и притисокот кој после оваа изјава ќе го трпи полицаецот и останатите учесници во оваа постапка апелираме до надлежните органи да превземат мерки истите максимално да бидат заштитени се со цел македонската и меѓународната јавност да ја дознае целата вистина за Диво насеље“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска