ФРОДЕМ: Груевски нека заминува побрзо, Бонева да ја покаже дипломата

Од:

ФРОДЕМ барa од премиерот Никола Груевски (чии денови за напуштање на функцијата се одбројани), да покаже доблест и храброст и да не си игра предолго со очекувањата на граѓаните на РМ и меѓународната заедница и да го чека последниот рок за поднесување оставка. Ова го бараме поради потребата на новиот мандатар да му се овозможи доволно простор и време да предложи квалитетна програма и квалитетен состав на новата привремена влада чија работа главно ќе биде насочена на организирање на предвремени парламентарни избори, но и на навремено и квалитетно извршување на тековните обврски.

-Побаруваме од новиот мандатар во привремената влада, на местото на министрите за финансии и земјоделие да предложи нови личности од истите партиии на кои и припаѓаат досегашните министри како и нови дополнителни заменици министри во МВР и Мнистерството за труд и социјала.

Ова го бараме поради фактот што овие персони со својата досегашна работа се покажаа како главни кочничари на демократските процеси и соучесници во досегашното разградување на државата. Тие заедно со премиерот се кочничари на спроведувањето на Договорот од Пржино и Извештајот на Прибе и поради тоа нивната партиципација во привремената влада ќе значи само продолжување на досегашнава хаoтична состојба и истите нема да бидат гаранти дека со своето дејствување ќе придонесат да спроведат фер и демократски избори.

Во привремента влада не треба да има место и за сите оние функционери кои по било кој основ ( активно или пасивно) учествувале во:

• непримерениот и криминален начин на владеење,

• во промоцијата на бессрамниот и прекумерен занес кои ги носи славата и функцијата како и за оние кои јавно сиве овие години јавно го пренагласуваа чувството на семоќност.

Тука пред се се мислиме на вицепремиерот Пешевски, министерот за здравство Тодоров, заменик министерот Ристовски, вицепремиерот М. Џафери и други функционери мошне добро познати на јавноста. Новиот мандатар треба да ја убеди јавноста дека неограниченото и неодговорно владеење во матна и супстандардна демократија е минато свршено време.

1. Побаруваме новиот член на ДИК, г-ѓа Бонева Силвана јавно да ја покаже Дипломата за завршено високо образование или пак наместо нејзе јавно да се изјасни Комисијата за прашањана изборите и именувањата при Собранието на Р. Македонија, околу исполнувањето или неисполнувањето на условите за член на ДИК согласно одредбите на Изборниот Законик се со цел да престанат сите понатамошни шпекулации на оваа тема.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска