А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФРОДЕМ: Ако законите не важат подеднакво за сите, тогаш како воопшто и да не важат

by А1он01/07/2017 - 08:59180
Share0

„Во врска со поднесените обвиненија од страна на СЈО, ФРОДЕМ очекува од Кривичниот суд Скопје да постапи согласно Уставот на РМ и законите. Затскривањето на обвинетите зад политичка партија треба да се третира како отежнувачка околност, а не како околност поради која Судот треба селективно да постапи.

Добивај вести на вибер

Во изминатите десет години Судот определи илјадници мерки притвор. Во денешното постапување Судот треба да се држи до истите критериуми како и при досегашното определување на мерката. Во спротивно, постапувањето ќе биде селективно. Ако законите не важат подеднакво за сите, тогаш како воопшто и да не важат. Доколку не се определи мерката притвор таму каде што е неопходно, а потоа се случат повторувања на кривичните дела, влијанија врз сведоци за да се попречи правдата, бегства или слична противправност, тогаш и судиите ќе бидат одговорни.

Ова е голема прилика судството да покаже моќ за трансформирање и реформирање. Сакаме да веруваме дека досега партизираните и контролирани судии ке ја искористат оваа шанса за да се ослободат од стегите на политичките и другите влијанија, ке донесат исправна одлука и јавно ке им се извинат на граѓаните за нивната досегашна прислужничка работа и дејствување.

Од понеделник па натаму новата власт мора најитно да се позанимава со корумпираните и партизирани судии кои досега судеа и за жал сеуште судат по налог на нивните партиски ментори. Тие се заштитници, но истовремно и соучесници во досега сторениот криминал и за нив нема место во судството. Потребна е одгвороност на сите кои го девалвираат правосудниот систем во нашата држава
ВМРО е вечно, а раководствата се менливи. На партијата ќе и се случат нужните кадровски промени во раководството и таа брзо ќе врати својата политичка моќ. Организирање на дел од раководството на криминална основа може да значи само тешка повреда на угледот на партијата и свесно или несвесно загрозување на нејзината иднина. И други големи партии во соседството минување низ проблематични ситуации. Но, тие не ги штеделе одговорните, не ја попречувале правдата, напротив соработувале со правдата, а виновните одговарале. Познато е дека на тој начин овие партиите претрпеа минимална штета и брзо се вратија на политичката сцена и на власт.

Што се однесува до историјата и судот на историјата само ќе потсетиме на ноторниот факт дека голема партија како што е ВМРО не смее да биде заложник на нечие криминално делување и поради тоа да пропадне. Е тоа историјата нема да ни го прости“ се вели во соопштението на ФРОДЕН.

frodem

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска17/10/2020 - 16:0817/10/2020 - 21:27

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска23/07/2020 - 11:09

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска29/06/2020 - 12:3729/06/2020 - 12:37

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска22/01/2020 - 10:4022/01/2020 - 10:43

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ05/01/2020 - 10:2506/01/2020 - 08:21

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска26/12/2019 - 10:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен