ФРОДЕМ: Ако се на 5. јуни, ќе повикаме на спречување на фалсификувани избори

Од:

„Со оглед дека сите избори од 2011 наваму се фалсификувани, вклучително и последните парламентарни избори во 2014, никој нема право да распишува датум за нови избори, без да им општ консензус дека се создадени легални услови. Особено такво право нема Вељановски кој насилно ги исфрли пратениците и новинарите од парламентот.

ДПМНЕ е заложник на очајните прикаски и маневри на Груевски, Јанкуловска и останатите од врхушката, дека со фалсификувани избори повторно ќе се доберат до власта и со тоа ќе ги препокријат обвиненијата за криминал. И дека потоа на сите противници ќе им се осветат. Таму си го гледаат единсвениот спас, по цена на урнисување на Македонија.

Доколку денес насила се распишат избори за 5 јуни, ФРОДЕМ ќе повика на граѓанска непослушност и активизам за спречување на фалсификатот на народната волја. ФРОДЕМ, ќе ги повика граѓаните да не дозволат финансиско тонење и задолжување на државата. Долгот на замјата достигна огромни 64% . Пензискиот фонд е празен. ФРОДЕМ, во оваа смисла ќе ги повика граѓаните да ги повлечат штедните влогови од банките и да не ги плаќаат сметките.

Иванов стана „претседател“ на фалсификувани избори. Со незаконските и ништовни акти за божемна аболиција тој спречува истрага за фалсификување избори која ќе доведе до него и до фактот дека е избран на нелегални избори. Дека тој е нелегален претседател. На овој апсурден начин тој се самоаболицира! И нека Иванов не се прави „наудрен“.

Помирување во целото општество не се прави со ослободување од гонење на неговите компањони. За тоа треба широка општествена платформа и вклучување на сите оштетени, засегнати и конфронтирани. Веднаш нека понуди таков концепт или нека молчи вечно. Ако концептот на врхушката на ДПМНЕ е после изборите да се осветува на противниците, тогаш овој повик на Иванов е ѓаволска работа!

ФРОДЕМ со голема загриженост ја проследи изјавата на Иванов дека тој ќе се ставел на чело против западот од кого очекувал санкции. Се разбира санкции за криминалците и фалсификаторите! Со оваа изјава Иванов јасно потврдува дека на фалсификуваните избори во 2014 тој го лажел народот дека е за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ.

ФРОДЕМ во оваа прилика ја потсетува Москва, која вчера испати небулозно соопштение како од времето на Студената војна, дека никогаш во историјата не застанала зад Македонија. Секогаш пред Македонија им биле сите наши соседни држави, се до последната. Македонија им била „монета за поткусурување“. Со ова соопштение Москва се меша во внатрешните работи на Македонија. Со поддршката на криминалците повторно се работи против македонските интереси. За ова прашање ФРОДЕМ дополнително детално ќе се произнесе“, соопштуваат од ФРОДЕМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: ФРОДЕМ се приклучува кон ВМРО-ДПМНЕ

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ не заслужува и понатаму да ја водат лабилни и неконзистенстни партиски раководни кадри

Ана Ололовска

Кекеновски: На државата не и требаат пратеници кои ќе стискаат зелено и црвено копче по директиви

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Македонско свето тројство – ,,Сваровски судство-Русковска обвинителство-Долче&Габана политичари“

Ана Ололовска

ФРОДЕМ: Мицкоски и неговите северџани ја прифатија Северна Македонија

Предраг Петровиќ

ФРОДЕМ: Што не му е јасно на Мицкоски?

Ана Ололовска