Фрлени молотови коктели, јајца и камења кон општинската зграда во Тетово

Од:

Група од 200 до 300 лица, претежно малолетници, по вчерашниот протест во Тетово, организиран од Здружението на граѓани „Еко герила“ под мотото „За почист воздух“, се собрале пред објектот на тетовската локална самоуправа и извикувајќи разни пароли, почнале да фрлаат јајца и помали камења, а во два наврата и запалени молотови коктели.

МВР информира дека молотовите коктели паднале на асфалтната површина пред општинскиот објект и оти нема повредени лица и не е предизвикана материјална штета. По половина час групата се разотишла.

По кратко време, во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, бил извршен разговор со 13-годишен малолетник поради постоење основи на сомнение дека учествувал во фрлањето на молотовите коктели и по разговорот бил пушен.

Синоќа околу 19,00 часот бил приведен М.Е. (33) од Тетово поради постоење основи на сомнение дека протестирајќи пред општинскиот објект во Тетово спречувал полициски службеник во вршење на службено дејствие, односно се обидел да му ја одземе камерата и му ја оштетил, а потоа го навредувал и му се заканувал. Со него е извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас