Фрлени 60 тони сол на улиците во Центар

Од:

Зимската служба на општина Центар непрекинато во текот на ноќта и денеска е на терен и го расчистува снегот од улиците кои се во надлежност на општината.

Се чисти со три машини и еден голем камион. Досега се фрлени 60 тони сол.

Според потребите и пријавите на граѓаните и по неколку пати се поминуваат улиците во Мало Курило, Долно Водно, Водно, населбата Капиштец, Буњаковец, Дебар Маало, Парк, Кале, Пролет, Крњево, отворените паркинзи на ПОЦ и пристапните рампи на гаражите. Исчистени се патеките кои водат до училиштата и градинките.

Се молат граѓаните да ги отстранат непрописно паркираните возила во потесните улици, за да може непречено да се чисти.

Жителите на општина Центар можат да контактираат и да пријавуваат проблеми на следните телефонски броеви: 076 496 944, 076313387 и 076 313 381

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар