Фридом хаус со исти оценки за корупцијата и медиумите како лани

Од:

Со добивањето пониска оценка за правната рамка и независноста на судството, Македонија бележи пад на демократијата. За разлика од минатата година, кога Фридом хаус ја оцени Македонија со 3,89 годинава, годинава просечната оценка изнеува 3,93.

Со тоа, Македонија се најде на границата меѓу групата земји со полуконсолидирани демократии и оние со транзициски влади и хибридни режими.

Во извештајот на Фридом хаус за 2013-та година, се наведува дека оценките за граѓанското општество, независноста на медиумите, корупцијата ги задржале оценките од минатата година. Иста оценка како и лани, односно 3,25 Македонија доби за цивилното општество. Во однос на корупцијата, земјата и минатата и оваа година е оценета со иста оценка, односно 4.

Фридом хаус ги рангира земјите на скала од еден до седум, односно од консолидирана демократија до консолидиран авторитарен режим. Со 4 се оценува транзиционо владеење/хибриден режим, а со 5 полуконсолидиран авторитарен режим.

Другите балкански земји, како Албанија, БиХ и Косово добија пониски оценки во индикаторот за корупција, образложувајќи дека правениот систем на овие држави бил подоложен на политичко мешање.

Фридом хаус констатира дека процесот за евроинтегрирање мотивира важни реформи во земјите на Западен Балкан и даде формален механизам за напредување кон целосни демократски институции и пазарна економија.

Во групата на полуконсолидирани демократии се наоѓаат и Бугарија, Романија и Црна Гора. Албанија и Босна и Херцеговина се во групата на хибридни режими, додека Косово е во групата на полуконсолидирани авторитарни режими.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата

Авторитаризмот се засилува низ светот: Македонија е делумно слободна, останува на 67. место според Фридом Хаус

Катерина Ѓуровски