Фридом хаус: Македонија е делумно слободна земја

Од:

Во годишниот извештај на „Фридом хаус“,Македонија е во групата делумно слободни земји. Земјата бележи пад во оценката за политичките слободи во однос на претходниот извештај на оваа водечка организација за следење на демократијата во светот.

Што се однесува до граѓанските слободи, Македонија ја задржа истата оценка односно три. Во групата делумно слободни земји се меѓу другите и Босна и Херцеговина, Косово, Украина, Молдавија. Од регионот во групата слободни земји се Србија, Хрватска и Црна Гора.

Во годишниот извештај, под наслов „Отфрлање на демократијата: Враќање на железната тупаница“ се додава дека зголемениот број терористички напади и интензивирањето на агресивните тактики што ги употребуваат авторитарните режими придонесле за пораст на презирањето на демократските стандарди во скоро сите региони во светот.

„Прифаќањето на демократијата како светска доминантна форма на владеење и на меѓународниот систем изграден врз демократски идеали е под зголемена опасност во скоро сите сфери во изминатите 25 години“, вели потпретседателот на Фридом хаус Арч Падингтон.

Во извештајот е оценето нивото на слобода во 195 земји и тоа во две категории политичките права и граѓанските слободи.

И покрај напредокот во некои земји како Куба и Тунис, Фридом хаус наведува дека во многу други земји имало пад на демократијата.

Тероризмот, според Фридом хаус, имал катастрофални последици во Ирак, Сирија, Пакистан и Нигерија. Слободите бележат пад и во економски посилните земји како Русија, Азербејџан, Египет, Мексико и Турција.

„Руската инвазија врз Украина, вклучувајќи ја и анексијата на Крим е едно од најголемите уназадувања на демократијата во минатата година“, оценува Фридом хаус, додавајќи дека и самата Русија не е слободна земја поради владините мерки против дисидентите, независните медиуми и невладините организации.

Во извештајот се забележува се поголемата централизација на власта во Кина и во Турција.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Таравари по извештајот на „Фридом хаус“: Да се ​​отстрани корупцијата од власта, да се отвори вратата за новата генерација

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски