Фрчкоски поднел оставка, не е веќе амбасадор во ОН

Од:

Амбасадорот и постојан претставник во ООН во Њујорк, професорот д-р Љубомир Фрчкоски поднел оставка на позицијата. Фрчкоски оставката ја поднел до претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и за тоа го известил МНР.

Поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи, на амбасадорската позиција во Њујорк беше назначен во 2022 година. Указот за неговото назначување го потпиша тогашниот шеф на државата Стево Пендаровски.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, деновиве во изјава за една телевизија, кажа дека Фрчкоски бил повикан на разговор во МНР поради наводни финансиски нерегуларности во работењето на претставништвото, но оти до разговорот се уште не дошло поради здравствени причини на амбасадорот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Зоран Заев и Лидија Димова од Еразмус+, Фрчкоски добил грант вреден 200 илјади евра

Горан Наумовски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за Фрчкоски за злоупотреби во мисијата во Њујорк

Катерина Ѓуровски

Јон Фрчкоски се повлече од позицијата директор на Центарот за истражување и анализи на СДСМ

А1он

(ВИДЕО) Петрушевски: Го прашуваме Јон дали тоа што користи е наркотична супстанца кокаин?

Фрчкоски: Зошто актуелниот директор на ДПИ не е опфатен со истрагата за Кочани?