Реизбраниот градоначалник на општина Гевгелија Иван Франгов денеска од претседателот на општинската изборна комисија Ѓорги Чавдаров го доби уверението со кое се потврдува неговиот избор во првиот круг од локалните избори.
Од Општинската изборна комисија изразија задоволство што изборите на денот на гласањето минале во мирна и демократска атмосфера за што зборува и фактот, нагласија, дека не бил поднесен ниту еден приговор од учесниците во изборниот процес.
На новоизбраните советници уверенијата ќе им бидат врачени утре.
Новиот Совет на општина Гевгелија кој брои 19 членови ќе биде составен од 11 советници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ и 8 советници од СДСМ.