Француско МНР: Силно ги осудуваме насилствата, ги повикуваме лидерите да преземат одговорност

Од:

„Франција со голема загриженост ја следи состојбата во Република Македонија. Таа силно ги осудува насилствата што се случија вчеравечер во Собранието по изборот на неговиот претседател.

Таа ги повикува сите страни да останат смирени и потсетува дека само конструктивен политички дијалог ќе овозможи трајно стабилизирање на земјата. Сите политички лидери мора да преземат одговорност и да го изберат патот на дијалогот.

Франција смета дека е од суштинско значење почитувањето на Уставот, демократските принципи и институциите. Употребата на насилство само ќе доведе до зголемување на тензиите“ се вели во соопштението на француското Министерство за Надворешни работи.

Би можело да ве интересира

Тардиф: Мора да бидеме подготвени за руски шокантен напад врз НАТО

Трамп бесен на Франција и Италија: Ќе го запаметиме ова

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Мандон: САД станаа непредвидлив сојузник

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз