Францускиот сенатор Оливер Кадик во посета на македонскиот Парламент

Од:

Францускиот сенатор и претставник на француските државјани кои живеат надвор од Франција Оливер Кадик, денеска ќе има средби во македонскиот Парламент.

Кадик ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери, со претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Никола Попоски, како и со Панче Иванов претседателот на Пратеничката група на македонското Собрание за соработка со Парламентот на Француската Република. Францускиот сенатор ќе присуствува и на приемот по повод Денот на независноста.

Кадик од вчера е во посета на Македонија. Освен средбите во Собранието планирано е тој да го посети Француското интернационално училиште во Скопје (ЕФИС) и Францускиот институт во Скопје (ИФС). Тој ќе оствари средба со директорите на француските компании присутни во Македонија и ќе присуствува на приемот организиран во негова чест од страна на амбасадорот Кристијан Тимоние во резиденцијата на Франција. Во таа пригода, сенаторот ќе се сретне со француската заедница во Македонија.

Во сабота, тој ќе ги посети Француските воени гробишта во Скопје и ќе положи венец за да им оддаде почит на паднатите француски војници на територијата на Македонија за време на Првата светска војна. Тој ќе ја посети и Спомен куќата – Музеј посветена на историјата на Македонскиот фронт.

Кадик како млад претприемач на дваесетгодишна возраст, одлучил во 1982 година да формира своја компанија, „Info Elec“. Седум години подоцна, Инфо Елек стана компанија со ограничена одговорност со капитал од еден милион франци. Во 1994 година, неговата успешна кариера го донесе на позицијата потпретседател на GFIE, групацијата добавувачи од електронската индустрија.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата