Францускиот амбасадор и министерот Сугарески на увид на автопатот Демир Капија – Смоквица

Од:

Амбасадорот на Република Франција, Кристиан Тимоние денеска заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески ќе го посетат градилиштето на делницата на автопатот Демир Капија – Смоквица.

Оваа автопатска делница е долга околу 28 километри и е еден од најзначајните инфраструктурни проекти во Македонија. Станува збор за значаен меѓународен патен правец на Коридорот 10 кој поминува низ Македонија и со кој се поврзуваат земјите од север со југ.

Дел од средствата за изградбата на овој автопат се обезбедени преку ИПА програмата финансирана од Европската унија.

Францускиот амбасадор и министерот Сугарески во просториите на ЕЖИС Интернационал ќе се сретнат со оперативниот директор за Европа и Централна Азија, Давид Пушел и со директорот за развој на бизнисот во регионот на Балканот, Клотилд Арман.

Конзорциумот на ЕЖИС Интернационал и ИРД беа назначени за контрола на работниот договор за активностите поврзани со изградбата на новата автопатска делница.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Од 178 повредени, 101 пациент се третираат во странските медицински центри