Француската амбасадорка во посета на новата градинка „Кочо Рацин“

Од:

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и амбасадорката на Република Франција, Н.Е. Лоренс Оер, беа во посета на градинката „Кочо Рацин“.

Амбасадорката кажа дека условите во кои престојуваат, си играат и се едуцираат децата се одлични и дека во Франција и во другите земји на ЕУ, би биле горди и задоволни од ваква градинка.

„Градоначалникот Жерновски и објасни дека градинката е градена исклучиво со средства од буџетот на општина Центар, како и тоа дека во изградбата се користени најсовремени и најквалитетни материјали. Жерновски и Оер уживаа и во програмата која ја изведоа децата од градинката „Кочо Рацин“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар