Француската амбасада се приклучи кон акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“

Од:

Амбасадата на Франција се приклучи кон традиционалната акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ што на целата територија на Република Македонија се одржа на 30 ноември годинава.

Претставници на Амбасадата засадија повеќе нови елки на просторот на Француските воени гробишта во Битола. Со оваа акција, Амбасадата најави нова активност  што интензивно ќе продолжи во наредниот период. Станува збор за хортикултурно уредување на просторот на новиот Меморијален комплекс.

Како што информираат од Амбасадата, овие активности се дел од програмата за одбележување на 100 годишнината од Првата светска војна.

Би можело да ве интересира

Во акцијата „Ден на дрвото“ повеќепати биле пошумувани исти површини

Ана Ололовска

Во Штип реализирана акцијата „Садница плус“

Наум Локоски

Десет години „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“

Наум Локоски

Дипломатскиот кор дел од акцијата „Ден на дрвото“

Ана Ололовска

Денот на дрвото ќе се одработува наредната година

Емир Латифовиќ

Груевски засади дрвце во Струмица

Ана Ололовска