Француска поддршка на активностите за соодветно управување со крајбрежјето на Охридското Езеро

Од:

Франција ги поддржува активностите што се спроведуваат во насока на почитување на законските прописи, а се однесуваат на соодветно управување со крајбрежјето на Охридското Езеро.

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, на својот фејсбук-профил поосчува дека на денеска остварената средба со францускиот амбасадор Кристијан Тимоние биле поздравени заложбите и на локалната и на централната власт во рамки на целокупниот процес и сите активности во делот на почитување на Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот регион.

Георгиески ја искористи можност преку социјалните мрежи да изрази јавна благодарност до Амбасадата на Франција во земјата за искажаниот интерес во врска со актуелните состојби во Охрид и зачувување на нашите природни и културни богатства кои се заштитени од УНЕСКО.

Би можело да ве интересира

Влада: Ќе се донесе ДУП за охридското крајбрежје и нема да се гради ски-центар на Галичица

Ана Ололовска

Извештајот на УНЕСКО е аларм за состојбата во Охридскиот регион, заклучија Заев и надлежните

Жарко Настоски

Бочварски: Ќе постапуваме по препораките од УНЕСКО за Охридскиот регион

Ана Ололовска

Македонија и Албанија со спогодба ќе го заштитат рибниот фонд во Охридското и во Преспанското Езеро

Катерина Павлова-Николовска

Реките и двете најголеми езера, Охридското и Преспанското, под ноемврискиот просек

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Трипуновски: Седум центиметри го делат Охридското езеро од еколошка катастрофа

Ана Ололовска