• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Видео Македонија

(ВИДЕО) Франциск: Да го следиме патот на Мајка Тереза, патот на братството и милосрдието

by А1он07/05/2019 - 12:3007/05/2019 - 14:46244
Share0

Светата литургија на плоштадот Македонија ја следат илјадници верници од сите страни на светот, Италија, Шпанија, Хрватска, Албанија, САД, Кина од римокатоличката црква. Пред нив, се обрати неговата светост папата Франциск, кој беше пречекан со емоции и поздравување. Тој во молитвата упати пораки да го следат исусовиот пат кој ќе им донесе благосостојба, мир и поврзување, наспроти осаменоста, која го го затворила луѓето во една виртуелна реалност.

Добивај вести на вибер

„Научени сме да јадеме од тврдиот леб на дезинформацијата. Завршивме како затвореници на конформизмот, рамнодушноста и бесчуствителоста, се заситивме со поврзување и го загубивме вкусот на братството. Станавме затвореници на виртуелноста, не го чувствуваме вкусот на реланоста. Гладни сме господе, за лебот на твоето слово, кое ќе ги отвори нашите затворености и осамености. Клеветењето, дискредитираноста, нема да ги наполнат нашите маси. Гладни сме да го отвориме срцето и да го отвориме срцето за твоите патишта. Твоето милосрдие е способно да ги скрши стереотипите. Да сочувствуваме со оние кои се заборавени и понижени“, рече неговата светост папа Франциск.

Во обраќањето пред вернците папата порача да се следи и делото на светата Мајка Тереза, како пример за братството, милосрдието и сочувството меѓу луѓето.

„Глад за леб, за братство, за бог. Сето ова го познаваше Мајка Тереза. Во неа беше Исус присутен во евхаристијата и сиромаштијата и братството, овие два столба го одбележаа тој пат. Таа одеше со господ и стигна кај понижениот, самиот и заборавениот брат. Знаеше дека љубовта кон господ постои и кај најмалиот, осамениот, токму таа љубов е доволна да го засити гладниот“, рече папата Франциск.

Пред почетокот на мисата, при што сите беа повикани будно и со вера да учествуваат на светата аристија, а притоа да се избегнува подигање на било какви транспаренти, знамиња и слични облежја. Верниците воедно беа повикани да се причестат, со напомена дека првин треба да поминат на светата исповест.

Габриела Димковиќ-Мишевска

papa

Би можело да ве интересира

Папата Лав XIII ги зајакнува односите со Православната црква и го поддржува Либан

Горан Наумовски26/11/2025 - 08:55

Папата прогласи седум нови светци, меѓу нив е и поранешен сатанист

Горан Наумовски19/10/2025 - 17:35

Лав XIV: Парите одат кај трговците на смртта наместо за болниците и училиштата

Горан Наумовски26/06/2025 - 20:53

Американецот Роберт Превост е новиот папа, неговото име е Лав XIV

Предраг Петровиќ08/05/2025 - 19:2108/05/2025 - 19:39

(ВИДЕО) Црн чад од Сикстинската капела, новиот папа се уште не е избран

А1он07/05/2025 - 21:22

(ВИДЕО) Филипинскиот кардинал кој пее и танцува е вирален хит, фаворит е за нов папа

А1он07/05/2025 - 19:0607/05/2025 - 19:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен