А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Франција го поздрави гласањето за уставните измени

by А1он14/01/2019 - 17:13335
Share0

Франција го поздравува конечното гласање на уставните амандмани на 11 јануари од страна на македонското Собрание и оценува дека станува збор за значајна етапа за влегувањето во сила на преспанскиот договор, кој треба да стави крај на спорот со Грција.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Франција го поздравува конечното гласање на уставните амандмани на 11 јануари од страна на Собранието на Поранешната Југословенска Република Македонија, кое е предвидено во Преспанскиот договор кој беше потпишан на 17 јуни 2018г. помеѓу оваа земја и Грција.

Станува збор за значајна етапа за влегувањето во сила на овој историски договор кој треба да стави крај на четвртвековниот билатерален спор. Како што наведе и претседателот на Француската Република, Договорот е добар за земјата, за регионот и за Европа. Франција сега посакува и грчкото Собрание набрзо да го ратификува Договорот”, се вели во изјавата на портпаролот на Министерството за Европа и за надворешни работи на Франција, Ањес Фон Дер Мил (Agnès Von Der Mühll), која што ја пренесе Амбасадата на Франција во земјава.

francijaustavni izmeni

Би можело да ве интересира

Франција се подготвува за нов хаос: Сè е затворено, распоредени 70.000 полицајци

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 09:22

(ВИДЕО) Оружен инцидент во Париз: Маж пукаше со автоматска пушка, има мртви и ранети

Горан Наумовски23/10/2026 - 13:19

Француската полиција одлучи: Полицискиот час се продолжува до понеделник

Горан Наумовски23/10/2026 - 07:13

Три безживотни тела пронајдени во куќа во Франција, меѓу жртвите и двегодишно дете

Горан Наумовски21/10/2026 - 20:59

Марин Ле Пен има поддршка од 34 до 38 отсто пред претседателските избори во Франција

Горан Наумовски21/10/2026 - 20:35

Франција на улиците испраќа воена единица формирана по терористичките напади во 2015 година

Предраг Петровиќ20/10/2026 - 18:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео