ФОТО+ВИДЕО: Општина Струмица ги ангажира сите ресурси по поплавите

Од:

Општина Струмица од синоќа е во мобилна состојба и со сите расположливи ресурси ги санира последиците во населените места кои се погодени од поплавите.

strumicaPoplavena (3)

Службите излегоа на терен по излевање на водата од речните корита и во текот на ноќта и денеска интервенираат на најзагрозените места и ги отстрануваат наносите. Претставници на општината ги посетија и граѓаните кои што претрпеа најголеми штети во домовите и обработливите земјоделски површини.

– За жал сведоци сме по втор пат, на истата територија на општина Струмица да ни се случат истите поплави како пред две години. Овој пат можеби со помал обем, но исто така катастрофални од кои што беа погодени граѓаните на општина Струмица. Морам да кажам дека за синоќешните поплави немавме никаква дојава од Центарот за заштита и спасување, ниту од Центарот за управување со кризи, така што нашите први дојави беа од граѓаните од погодените места, при што веднаш Општинскиот штаб за заштита и спасување заедно со градоначалникот излегоа на лице место за да може првично да се помогне на граѓаните во санирање, односно ублажување на последиците и заштита на добрата на граѓаните.

strumicaPoplavena (2)

– Ангажирана беше и територијалната противпожарна единица која им помагаше на граѓаните и комуналното претпријатие „Комуналец“ при што во неколку населени места беше упатена механизација, посебно во Муртино имаше пратено четири механички средства, односно багери и соодветни помагала и во Сачево, а во останатите населени места веќе беше доцна и не можевме да интервенираме со механизација.

strumicaPoplavena (1)

– Тоа што општина Струмица во моментот го работи е утврдување на првичните последици и тоа што првично можеме да го направиме за граѓаните и нивните поплавени куќи и површини и противпожарната единица помага во испумпувањето на водата од домовите на граѓаните. Општинската комисија е веќе подготвена за да излезе на првични проценки за утврдување на штетите, веќе во општината работи комисијата, но бидејќи се работи за големо подрачје што е зафатено со поплавите, можеби ќе биде потребно неколку дена за да се утврди вистински оваа штета.

strumicaPoplavena (5)

– Можам да кажам дека во моментот во сите населени места кои се погодени од поплавите работи механизација ангажирана од општина Струмица, во наредните денови ќе се интензивираат овие активности за да може што побрзо да биде санирана штетата, изјави Кирил Парталов командант на општинскиот штаб за заштита и спасување.

strumicaPoplavena (6)Граѓаните од поплавените места денеска беа револтирани затоа што според нив причините за поплавите се неисчистените речни корита и канали иако повеќе пати реагирале и барале од државните органи тоа да го направат за да се спречат последиците.

– Оваа река 30 години не е исчистена, наместо да се даваат средства за луксузни работи нека се исчисти еднаш таа река за да не страдаат пет села, ова е срамота. Најголемата вина е во Центарот за кризи оти навреме не не извести, народот многу доцна разбра оти водите идат, рече Бончо Божиков претседател на месната заедница во селото во Дабиле.

strumicaPoplavena (7)

– Претрпевме голема штета. Првиот кат од куќата е поплавен, а од расадот однесени уништени се 125 илјади корени зелка и 30 илјади домати. Во декември поднесовме барање до „Струмичко поле“ да дојдат и под итно да го санираат речното корито и трапот кој што е скинат од канализацијата што ја правеше општина Василево затоа што од таму ни доаѓа водата. Цели две години никој не дојде, а не да го санираат, само викаат не е наша ингеренција, а чија е веќе ќе видиме на суд, мора да поднесеме тужба.

strumicaPoplavena (8)

– Со реката стопанисува „Струмичко поле“, а тие ни викаат дека не била нивна реката, па дури пред некој ден кога поднесовме барање, ни рекоа дека реката ја продаваат и ако сакаме можеме да си ја купиме, не била нивна реката па судот нека одлучи чија е, ни рекоа дека немале приходи од реката и затоа сакале да ни ја продадат, рече Тони Ѓорѓиев од селото Просениково.

strumicaPoplavena (9)Општина Струмица ги известува граѓаните од поплавените населени места Сачево, Муртино, Дабиле и Просениково дека можат да поднесат барања за проценка на штета во просториите на месните заедници. Барањата ќе бидат прифатени од вработените во општинската администрација.

strumicaPoplavena (10) strumicaPoplavena (11) strumicaPoplavena (12) strumicaPoplavena (13) strumicaPoplavena (14) strumicaPoplavena (15) strumicaPoplavena (16) strumicaPoplavena (17) strumicaPoplavena (18) strumicaPoplavena (19) strumicaPoplavena (20)

 

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите