ФОТО: Жителите на Центар бараат стопирање на лудилото со „Скопје 2014“

Од:

50-тина жители на општина Центар денеска на „Отворениот ден со граѓаните“, кој се одржува по 5-ти пат, дојдоа пред градоначалникот Андреј Жерновски и службите во општината да ги кажат своите проблеми.

Најчести се урбанистичките, проблемот со невработеноста, легализацијата, узурпирањето на јавен простор.

Жителите на Центар апелираат до градоначалникот Жерновски, да го запре како што велат, лудилото со „Скопје 2014“. Особено беше потенциран проблемот со пренаменување на трговски во угостителски објекти и правење барокни фасади на улицата „Никола Вапцаров“, сквер кој според нив станал пример за тоа како не се води грижа за жителите на околните згради од страна на бројните угостители.

sredbaCentar26 (2)

„Соновата фасада ќе не оградат и ќе ни ја земат светлината“, се пожали жителка на Центар.

Специфични се проблемите на луѓе кои  во семејството имаат деца со инвалидитет.

Една мајка искажа голема благодарност до Жерновски, бидејќи за прв пат по 22 години е примена од градоначалник.

sredbaCentar26 (3)

По денешната средба со граѓаните кои пријавија неправилности при градење објекти, договорено е со службите утре да се изврши увид на лице место.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар