(ФОТО) Жерновски: Владите и властите се минливи, а великаните како Славко Јаневски се вечни

Од:

Општина Центар, вљубениците во делата на македонскиот литературен великан Славко Јаневски, негови пријатели и почитувачи синоќа ја одбележаа првата година од отворањето на читалната која го носи името на поетот, писателот, сликарот, боемот и истражувачот Славко Јаневски.

Rodenden - Citalna Slavko Janevski (1)

Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски посочи дека секој ден во оваа измината година читалната добила по 1 нов читател, кој во читалната влегол да размени некоја мисла или да прочита некоја добра книга.

„Името на Славко Јаневски не’ обврзува да работиме уште повеќе. Ќе отвораме нови читални, тие ја чуваат историјата, не’ спасуваат од минливоста и ни даваат богатство што им го оставаме на генерациите по нас“, рече Жерновски.

Rodenden - Citalna Slavko Janevski (7)

„Разни влади и власти имале различни гледања за великаните, но владите и властите се минливи, а великаните се вечни“, додаде градоналаникот Жерновски.

Rodenden - Citalna Slavko Janevski (5)

Никола Гелевски, чија издавачка куќа издаде 2 книги од Славко Јаневски: избор од поезија за возрасни и поезија за деца, рече дека Славко Јаневски е маркантна личност.

„Клучна порака кога живееме под варварска власт, кога владеат митови и измами е дека треба да се вратиме кон силните поединци, таков каков што беше Славко Јаневски. Македонската сцена е отруена, луѓето како Славко Јаневски, кои се идентитет на Македонија, треба да ги негуваме“, рече Гелевски.

Rodenden - Citalna Slavko Janevski (3)

Во емотивното обраќање, ќерката на Славко Јаневски, Јана, евоцирајќи спомени, рече дека во нивната куќа доаѓале и пријатели и непријатели, а татко и’ ги сакал сите, но особено децата.

„Татко ми како да имаше повеќе животи во еден живот. Беше писател, поет, сценарист за филмови, артист и сестран уметник.“, рече Јана.

Rodenden - Citalna Slavko Janevski (4)

Ќерката и сопругата донираа книги од Славко Јаневски и слика на која се рачно напишани негови стихови.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски