ФОТО: Жерновски на средба со жителите од Дебар Маало

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски разговараше со граѓаните на Дебар Маало кои живеат околу пазарчето Буњаковец.

Жерновски заедно со раководителот на секторот за урбанизам на општина Центар, на жителите им ја презентираа предлог-верзијата на ДУП-от Дебар Маало 1 и Дебар Маало 2.

Zernovski - Bunjakovec (1)

Современо, зелено пазарче, подземно паркирање, пробивање на улицата позади Буњаковец до булеварот Партизански Одреди и пристап на возилата до пазарот, се предлага во новиот ДУП.

Градоначалникот на општина Центар потенцираше дека за да влезе во овој зафат, Скопски Пазар, кој што е сопственик на земјиштето, предлага изградба на бензинска пумпа која ќе биде на законски предвидените 250 метри од раскрсница, еколошка, со максимална заштита за граѓаните и производите кои се продаваат.

Zernovski - Bunjakovec (2)

Целиот простор ќе биде оплеменет со зеленило.

„Доколку не го прифаќате ова решение, ќе се бара друго. Вие ќе одлучите како сакате да изгледа овој простор. Нема да дозволам ниту овој, ниту другите ДУП-ови да се носат во раните утрински часови, како што тоа го правеше претходното раководство, јавната расправа наместо со закон предвидените 10 дена,  ако треба ќе трае 2 месеци“, им рече Жерновски на присутните граѓани.

Tezgi (1)

Пазарчето на зима би било затворено, а на лето – со паравани. Ќе биде исклучиво зелен пазар, со игралиште за деца.

Граѓаните, особено оние што живеат околу пазарчето Буњаковец, сакаат да се реши долгогодишниот проблем со пазарот и со спратноста на нивните куќи,  подготвени се да дадат и писмени изјави за согласност и поддршка, а дел од нив се двоумат или не сакаат да има бензинска пумпа до пазарот.

Tezgi (2)

Од надлежните од општина Центар на собраните граѓани им беше посочено дека вакви бензински пумпи има во сите општини во градот и тоа никому не пречи и не претставува каква било опасност по здравјето.

Sredba so gragani - Bunjakovec

Крајниот збор за изгледот на Дебар Маало ќе го дадат граѓаните во двомесечната јавна расправа, која ќе следува по седницата на Советот на 1-ви јули.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски