ФОТО: Жерновски на средба со граѓани во Пролет

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски со своите соработници беше на средба со жителите на населба Пролет.

Ги ислуша нивните проблеми и предлози кои треба да бидат вградени во буџетот на општината за 2015 година. Ова е најстара населба во Скопје, но жителите велат дека за првпат беше исчистена, уредена, зазеленета и доби нов лик.

Sredba so gragani - Nas. Prolet (4)

Седум илјади квадратни метри исушени тревници и коров се отстранети, засадена е нова трева, отстранети се старите гранки кои беа потенцијљлна опасност.

Населбата Пролет сега ја красат 16 видови садници, главно повеќе зимзелени грмушки, 14 јавори и 2 магнолии или вкупно 779 нови садници.

Sredba so gragani - Nas. Prolet (2)

Имплементирано е залагањето на општина Центар, полевањето да биде со техничка вода од бунар. Нови клупи и канти за ѓубре исто така се дел од новата урбана опрема.

Naselba Prolet (4)

Жителите се интересираа за судбината на нивните фасади, прашаа дали залудно земаа кредити за инвестирање во поправка за да можат да добијат енергетско ефикасни фасади.

Градоначалникот Жерновски им појасни дека овие две згради во населбата Пролет се влезени во програмата, но поради неодамна изгласаните измени во Законот за градење од страна на Собранието на РМ, ќе треба да се решат преку друга програма и со одобрение од страна на Советот на општина Центар.

Naselba Prolet (3)

“Има и волја и средства и оние згради за кои што се склучени договори ќе бидат завршени. Досега 7 згради добија енергетско ефикасни фасади, со задржување на постојниот изглед. Сметките за струја на граѓаните се пониски за 30 проценти“, рече Жерновски.

Naselba Prolet (2)

ДУП-овите ќе се менуваат во сите делови на општината и ги повика жителите да дојдат во општина и да ги изнесат своите барања. Со ДУП-от од претходната власт, предвидено е изградба на Театар на турската националност во близина на една од зградите во населбата Пролет.

Naselba Prolet (1)

Жерновски појасни дека се согласува дека некој од ДУП-овите се неумесно направени и мора да се направи ревизија, но она што е зацртано мора да се реализира.

Ќе се интервенира на укажување на граѓаните на уличното осветлување, ќе се бараат решенија за проблемите во паркирањето и проблемите со оџаците.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски