ФОТО: Згаснуваат дуќаните во охридската чаршија

Од:

Секојдневно згаснуваат дуќаните во охридската чаршија. Економската состојба на граѓаните и огромните казни од инспекциите кои секој ден се по дуќаните се едни од основните причини за ваквиот тренд.

dukani1

Трговскиот центар „Амам“ кој се наоѓа на средината од охридската чаршија е скоро празен. На вториот кат, најголемиот дел од продавниците се празни. Огромните кирии кои се плаќаат за изнајмување на деловните простории се една од главните причини за ваквата состојба. Закупнините за просториите се движат од неколку стотини евра, па дури и до неколку илјади евра за еден месец.

dukani2

Имајќи во предвид дека Охрид е еден од градовите од кои константно најмногу се иселува населението, особено младата популација и лошата економска состојба на граѓаните, како и нискиот стандард на живот, исто така е дел од алката причини за затворањето на дуќаните. Сопствениците на дуќаните коментираат дека после 20 часот никој не ни поминува по чаршијата.

dukani3

Инспекциските контроли кои секојдневно се присутни низ охридската чаршија, како и огромните казни се најголемиот страв кој го имаат трговците. Тие коментираат дека со една изречена казна од инспекциите, слободно можат да го затворат својот бизнис.

dukani4

Откако ќе ми изречат само една повисока казна кои инспекторите секој ден ги пишуваат, јас слободно можам да го удрам клучот на врата и да го затворам мојот бизнис. И онака превисоките кирии кои ги плаќаме едвај ги покриваме, а да треба да платиме казна од неколку илјади евра не ни преостанува ништо друго – вели трговец кој има мал бизнис во чаршијата.

dukani6

Трговците велат дека и давачките кон државата се огромни за разлика од стандардот. Даноците кои ги плаќаат секој месец не се сразмерно со побарувачката и потрошувачката, како и со заработката која ја имаат.

dukani7

Охрид и натаму тоне на економски план. Најголемиот дел од населението се занимаваат со туризам, но и таа гранка од година во година е се послаба. Прометот и профитот кој трговците, посебно угостителските го правеа во 2008 – 2009 година ќе остане само убаво сеќавање.

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник