Општина Центар ја започна реконструкцијата на паркот во Капиштец, меѓу улиците Народен Фронт и Васил Ѓоргов.
„Ова е голем зафат, опфаќајки површина од 20.000 м2“.
Граѓаните на овој дел од Капиштец се задоволни поради реконструкцијата и она што го побараа од градоначалникот Андреј Жерновски, кој денеска беше во обиколка на теренот, е да не се сечат дрвјата, соопштуваат од општина Центар.
-Жерновски им појасни дека не само што нема да се уништува зеленило, туку ќе има и дополнителни, нови, зелени површини.
„Ќе се посадат 16 нови високи дрвја и на целата површина ќе се постават декоративни зимзелени садници со колоритни бои. Системот на полевање ќе биде автоматски, од бунар, велат од општината.
Тенденција е на општина Центар за полевање на општинското зеленилото да не се користи питка вода, туку техничка вода, од бунар.
Сите клупи во околината ќе бидат заменети со нови, ќе бидат поставени нови канти за отпадоци, 2 чешмички за пиење вода и 2 подни фонтани за разладување.
Жителите од овој дел се жалеа на темните и неосветлени делови на Капиштец, кои беа потенцијална безбедносна опасност и затоа, општина Центар на овој дел ќе постави три вида на осветлување: високо, подно и амбиентално (осветлување сместено во зеленилото).
Општина Центар се грижи и за децата па затоа, двете детски игралишта кои се наоѓаат на овој потег, од улиците Народен Фронт и Васил Ѓоргов комплетно ќе се реконструираат и ќе бидат доопремени со нови, дрвени реквизити и безбеден гумен под“, велат од Општината.
Нов изглед ќе добие и резидентниот кошаркарски терен, каде што жителите ќе можат да се рекреираат на нов кошаркарски под.
Старите метални огради во околината ќе бидат заменети со огради од ламелирано дрво.