ФОТО+ВИДЕО: Зелена и цветна оаза меѓу кулите спроти Олимпискиот базен

Од:

Општина Центар го исчисти и реконструираше зеленилото и направи нов парк меѓу зградите во Градски Ѕид, на булеварот „Кочо Рацин“, спроти Олимписки базен.

Жителите се задоволни бидејќи добија ново зеленило, дрвја и цвеќиња, по цели 40 години.

Nov park - sproti Olimpiski bazen (1)

„Толку убави површини не сме имале. Ова е навистина прекрасно“, велат граѓаните.

Nov park - sproti Olimpiski bazen (2)

„Местото го уреди општина Центар, но сега, заедно со граѓаните, истото треба и да се одржува. Новата зелена оаза е на површина од 4800 м2. Насадени се шест високородни листопадни садници, 1800 зимзелени листопадни грмушки и 3000 парчиња цветен расад, кој ќе се менува сезонски. Поставен е и целосно нов систем за полевање.

Nov park - sproti Olimpiski bazen (13)

Засадени се жардинерите и меѓу зградите се поставени декоративни, заштитни зелени ѕидови. Ниското зеленило, кое е поставено на овој потег, има ист ефект за прочистување на воздухот како и високите дрвја.

Nov park - sproti Olimpiski bazen (4)

Ова е парк за сите генерации. Наутро, за бабите и дедовците со внуците, а навечер е прекрасна атмосфера за прошетка и убаво поминато време на младите“, велат од Општина Центар.

Веќе наредната недела, општина Центар ќе ги санира и патеките.

Nov park - sproti Olimpiski bazen (6) Nov park - sproti Olimpiski bazen (5) Nov park - sproti Olimpiski bazen (8) Nov park - sproti Olimpiski bazen (10) Nov park - sproti Olimpiski bazen (11) Nov park - sproti Olimpiski bazen (12) Nov park - sproti Olimpiski bazen (7)

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните