ФОТО: Запленети 26 килограми марихуана на Табановце

Од:

На 1 октомври 2016 година околу 10:30 часот, на граничниот премин Табановце за излез од Република Македонија се пријавил Џ.А.(59) државјанин на Република Албанија, управувајќи патничко моторно возило марка „Volkswagen “ со албански регистарски ознаки. На прашањето на царинскиот службеник дали има нешто да пријави за царинска контрола одговорил дека нема ништо за пријавување. Заради сомневање во неговата изјава, царинскиот службеник го селектирал возилото за преглед.

При вршење на преглед на внатрешноста од возилото под возачкото и совозачкото седиште, царинските службеници се посомневале дека подот има дупло дно. Теписонот од возилото бил залепен за патосот, па откако царинските службеници ги тргнале двете предни седиште и го одлепиле теписонот и изолацијата забележале на подот под двете седишта специјално направени капаци во вид на врати. Кога ги отвориле капаците царинските службеници ги виделе двата специјално направени бункери и од нив извадиле 17 пакетчиња, замотани со кафеава селотеп трака во кои имало опојна дрога –марихуана со вкупна тежина од 26 килограми.

Сторителот и марихуаната беа предадени на инспектори од Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги, заради превземање на понатамошни предистажни дејстивја.

Од спроведената предистражна постапка, собрани се материјални и вербални докази кои укажуваат дека осомиченото лице марихуаната ја набавил во Албанија, и преку Косово и Македонија истата требало да ја однесе во Бугарија. Таму требало да се сретне со уште едно лице и заедно марихуаната требало да ја носат за Турција. Меѓутоа лицето Џ.А. го погрешил патот и наместо на граничниот премин Деве Баир, се упатил кон граничниот премин Табановце.

Против сторителот, Царинската управа ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до надлежното Јавно обвинителство, а сторителот ќе биде изведен пред надлежен истражен судија.

Би можело да ве интересира

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина