ФОТО: Захариев делеше шишиња вода за да им ја изгаси жедта на штипјани

Од:

Дел од штипјани, кои во попладневните часови се најдоа во центарот на градот, ја изгасија својата жед со шише студена вода што ја добија од градоначалникот Илчо Захариев.

Акцијата беше организирана од страна на Општина Штип, а беа поделени неколку стотици шишиња минерална вода, кои општината ги доби како донација.

zahar (2)

zahar (3)

„Високите температури што ја зафатија Македонија се причината за организирање на оваа акција. Во вакви услови секогаш ги советувам граѓаните да внимаваат на својата исхрана и да внесуваат повеќе течности. Исто така, би ги посоветувал граѓаните да не се изложуваат на сонце во периодот од 10 до 17 часот, доколку немаат неодложни обврски“, изјави градоначалникот Илчо Захариев.

zahar (1)

Градоначалникот уште додаде дека делењето вода за граѓаните е само еден чекор од низата на мерки што ќе ги преземе општината во текот на летниот период, и ги увери граѓаните дека во текот на летниот период штипјани нема да останат без вода за пиење.

Би можело да ве интересира

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски