ФОТО: Загина унгарски возач на камион на автопатот Велес – Скопје

Од:

Сканија со приколка од Унгарија излетала од автопатот Велес – Скопје во непосредна близина на велешката населба Дорутовец.

Тешкото товарно возило паднало во бездба длабока дваесеттина метри во нискостеблеста шума долу под автопатот, пренесе Дума.

Возачот, на педесет и осум годишна возраст од Унгарија, е мртов. Но неговото тело сеуште не е извадено.

Проблем преставува изгребаниот асвалт на патот и ослабената носивост на мостот на кој ќе мора да застане дигалка за да ја крене и извлече сканијата горе на автопатот. Се прават напори за извлекување на телото на возачот, рече портпаролката на СВР Велес Анита Стојковска.

„Екипи на СВР Велес и надлежен јавен обвинител се сеуште на лице место и се превземаат мерки за извлекување на возачот од возилото. По целосно завршување на увидот и анализите ќе бидат соопштени и причините за сообраќајната несреќа,“ рече Стојковска

Сообраќајната несреќа се случила ноќеска околу 1.40 часот.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата