(ФОТО) Заев: Не смееме при очи да мижиме, при уста да молчиме

Од:

Во духот на христијанството, на овој голем ден да испратиме јасна порака дека си ја сакаме Македонија.

Да се спротивставиме на ова зло во коешто ни е земјата.

Нашата генерација ќе се гордее дека се ослободила од режим на владеење, повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во средбите со граѓаните на Кавадарци.

-Не смееме при очи да замижиме, при уста да молчиме. Македонија е нашата света земја за којашто мораме заедно да се грижиме.

Да покажеме дека ние, народот, сме на страната на вистината. Не верувам дека постои некој кој сака да ја гледа својата земја како оди во пропаст. Потребно е да се изборме за промени, за подобро утре, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во Кавадарци.

Во градот тој реализираше повеќе средби со граѓани, кои зборуваа за егзистенцијалните проблеми, како тие гледаат на случувањата во земјата, во врска со изборните марвелзации и посебно околу последниот скандал во којшто е директно инволвиран премиерот Груевски. Последново, каде и да се спомене, наидува на гласни коментари на револт и охрабрување да се продолжи со разоткривање на вистинското лице на актуелнта власт во интерес на државата и граѓаните.

zz kavadar (3)

zz kavadar (1)

zz kavadar (2)

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага