(ВИДЕО) Заев: Реални шансите на есен Македонија да добие препорака од ЕК и да стане 30 членка на НАТО

Од:

Иднината на Македонија е во ЕУ и НАТО. Реални се шансите на есен Македонија да добие чиста препорака од ЕК и да стане 30 членка на НАТО, порача денеска лидерот на СДСМ и претседател на Владата на прославата организирана од СДСМ на Три круши во Драчево по повод Денот на независноста.

Тој во својот говор ги посочи мерките коишто ги превземала Владата предводена од СДСМ кои, како што рече, се потребни за влез во европското семејство.

– Реалност се економските перспективи, спокојот во семејствата, новите вработувања, успешните претпријатија…. ги почнавме процесите, рече Заев, потсетувајќи и на најавите за воведување на дневна евтина тарифа на струјата и укинување на радиодифузната такса.

Нагласи дека земјата од генератор на криза се претвора во мотор на развој. – Патот пред нас е чист, демократијата е процес која се надградува, а на следните локални избори треба слободно да одлучуваме и да сме отворени за критичка мисла. Владата е достапна и блиска со граѓаните, истакна Заев.

Тој пред присутните граѓани потсети дека мнозинството сплотено во различностите и со силна верба во вистината и правдата избрало слобода. – Не е непристојно ако се горедееме дека покажавме одважност да се издигнеме над личните интереси и да застанеме зад државните интереси секогаш кога тоа и е потребно на Македонија, рече Заев.

Пратеникот од СДСМ во македонското Собрание и кандидатот за градоначалник на Скопје, Петре Шилегов рече дека на Три круши симболично ја започнува кампањата за локалните избори и ги повика граѓаните заедно да ја изградат секоја општина во Скопје.

– Граѓаните на Градот Скопје не заслужуваат арогантни крадци коишто крадат и пари, иднина и здравје на нашите граѓани. Скопје и скопските општини заслужуваат луѓе коишто ќе работат домаќински, посветено, транспарентно. Секој цент, секој денар од буџетот на Градот ќе знаете каде завршува. Се ќе биде транспарентно. Не сте робови на ниту еден политичар. Вие сте слободни луѓе, истакна Шилегов.

Порача дека нема да трошат пари на непотребни проекти, туку дека ќе градат системски. – Нема повеќе да трошиме на панорамски тркала, ќе трошиме на училишта. Нема повеќе да трошиме на барокни фасади, ќе трошиме на еколошки јавен превоз. Цел свет вози електрични и метански автобуси, само Коце Трајановски и Никола Груевски купуваат дизел автобуси. Јавниот градски превоз е најголемиот загадувач на воздухот којшто го дишеме, рече Шилегов.

Според кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од СДСМ Филип Темелковски, само заеднички може да се смени околината во која живеат граѓаните. – Заеднички можеме да го направиме маалскиот парк. Со заеднички труд и нашите улици да ги средиме. Така се создаваше и мојата идеологија – да најдеме начин да направиме нешто за нашето опкружување, а тоа можеме само заедно, рече Темелковски.

На празничниот пикник, покрај музичката програма, беше организиран и ручек за присутните граѓани.

Би можело да ве интересира

Левица: Економската приказна на Владата се распаѓа – ни ребаланс не го спасува буџетот

Горан Наумовски

Влада: Попустот на горивата продолжува до 18 мај

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница