(ФОТО) Заев и Волерс разговараа за изборите

Од:

Американскиот амбасадор Пол Волерс на попладневната средба со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, заменик претседателката, Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски сакаше изворно да се информира за изборниот процес, за констатираните неправилности од страна на СДСМ, како и за натамошните чекори на опозицијата, по ставот на СДСМ и на здружената опозиција за непризнавање на изборниот процес.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, укажа на конкретни примери за системски притисоци врз граѓаните на Република Македанија: поткупи, уцени и закани со дирекна инструментализација на полицијата, непостоечки гласачи во непостоечки влезови на згради и целосна медиумска блокада.

Дел од овие системски слабости во Македонија се веќе нотирани во извештаите на американскиот Стејт Департмент. Како еден од последните докази за изедначување на државата со партијата, констатирано и во последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР, претседателот Заев го посочи непостапувањето на ниту една институција за коруптивниот случај “Македонска банка“ во којшто е директно вмешан премиерот Никола Груевски.

Се работи за иднината на слободна и демократска Македонија и СДСМ како најголема опозициска партија има обврска, како и секогаш, да застане повторно зад интересите на граѓаните на Македонија, рече претседателот Заев.

Голем дел од изборните нерегуларности беа познати и на американскиот амбасадор.

Амбасадорот Пол Волерс изрази интерес за заканите од страна на власта и најави дека САД одблиску ги следат случувањата во Македонија.

Zaev Volers 1

Zaev Sekerinska Spasovski Volers

Rakovodstvo na SDSM so Pol Volers 1

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага