ВИДЕО: Заедно посилни!

Од:

Нови подови и реновирани училници по 58 години со проект на УСАИД, ЕУКОМ и Општината Центар учениците во ОУ „Димитар Миладинов“ ќе учат во поздрави животни услови.[nggallery id=225]

 

Учениците ќе учат како да ги негуваат меѓуетничките односи. Само заедно, рече директорката Маја Ангелова ќе бидеме успешни бидејќи знаењето мора да се шири.

„Чест ми е да бидам домаќин на еден ваков настан. Обврска и должност е да ги образуваме децата во насока дека различностите се едно богатство, учениците да развиваат чувство на припадниост во една мултиетничка средина и држава каква што е Република Македонија.

– Наша заедничка мисија е да ги образуваме децата дека различниостите се предност која треба да се искористи. Благодарение на соработката и поддршката на УСАИД после 58 години има нови подови во ова училиште. Ова само не’ поттикнува да се реновираат сите училишта во Општина Центар за да можат децата да учат во подобри услови“, рече градоначалникот на Општина Центар Андреј Жерновски.

На УСАИД како партнер за развој му се заблагодари министерот за образование и наука Спиро Ристески. Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието кој што се спроведува во тесна соработка со европската команда на американската војска ќе значи подобро запознавање и унапредување на различностите.

„Владата и министерството ќе продолжат со поддржување на вакви проекти“, рече Ристовски.

Обраќајки се на македонски јазик, амбасадорот на САД во Р. Македонија Пол Волерс рече дека е убаво да се види што се може да се постигне кога се работи заедно.

„Нема да работиме само на подови и ѕидови, туку и на создавање на подобри услови за сите македонци“, рече амбасадорот Волерс.

Генералот на Националната Гарда на Вермонт, Стивен Креј изрази задоволство од ваквите проекти и рече дека ЕУ командата со задоволство ќе поддржува вакви проекти.

„Мотото на европската команда е „Заедно Посилни“. Вака ќе градиме трајни партнерства“, рече генералот Креј.

 

 

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории