ФОТО: Вратете го боемското во себе, утре Центар ја отвора Боемската улица

Од:

Музика, убаво вино и дружење, ова го подготвува Општина Центар за утрешното отворање на Боемската улица во Дебар Маало. Отворањето е во 20:00 часот.

boemskaUlica3

Со ова општината освои уште една пешачка зона. Боемската улица е пешачка зона, на која кафеанџиите, уметниците и сите кои имаат добра идеја ќе си го најдат местото и просторот каде што ќе се искажат.

boemskaUlica1

Новото решение на улицата „Ѓорѓи Пешков“ е трансформација во амбиентална пешачка зона со ниски станбени објекти, куќи со дворови и гостилници со вкупна површина од 2.000 метри квадратни. Импровизираните рампи ќе спречат паркирање на возила.На улицата се поставени коцки, кои не се нови, туку земени од неколку растурени улици во Скопје.

boemskaUlica

Од двете страни на улиците има комбинација од стар и нов дрворед од 24 дрвја до кои е доведена инсталациа за полевање со систем капка по капка. Осветлувањето е со 15 гусени декоративни фенери. Денеска беше донесен и пајтон, но само како украсен . Тој е позајмен, за да се види како ќе го прифатат посетителите.

boemskaUlica2

Дебар Маало, вели градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски е боемската душа на Скопје.

Улицата на 17.09.2014, едно од изборните ветувања на Жерновски и новото општински раководство, ќе биде отворена за граѓаните, претставена како проект и идеја за еден нов начин на живот во Дебар Маало.

boemskaUlica4

Боемскиот живот сугерира едноставен живот, кој на некој начин се спротивставува на зацртаните морални и културни норми и очекувањата на пошироката заедница.

Со своето име повикува секој да го најде боемот во себе, да ја слушне музиката, да напише куса порака на обична хартиена салфетка, или да запее со уличниот музичар заборавена песна.

 

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории