ФОТО: Водно попушта!

Од:

Ноќеска, по полноќ, голем одрон на земјиште ги исплаши жителите на куќите кои се наоѓаат над хотелот „Тасино Чешмиче“ на Водно.

„Се слушна страшен татнеж и тресење на земјиштето. Мислевме дека е земјотрес и дека куќата ни се урива и оди надолу, по падината на Водно“, вели еден од сопствениците.

Лизгање на земјиште - Водно (6)

„Хотелот почнал да се гради во 2003-та година и се прави етапно. Инвеститорот неколку пати добивал решение за да ја прекине натамошната градба – широк ископ на земја во брдо на ул. „Белградска“ и да ја отстрани градбата. Ископот ја загрозува сигурноста на околните градби и стабилноста на земјиштето.

Иако, во 2009-та се издадени неколку решенија со напомена дека ќе се пристапи кон присилно административно извршување, досега, велат сопствениците на загрозените куќи, инвеститорот на хотелот „Тасино Чешмиче“ не само што не постапил по тоа, туку и продолжил со градба“, велат од Општина Центар.

Лизгање на земјиште - Водно (4)

„Вознемирените граѓани веднаш дојдоа во општина Центар и надлежните, заедно со градоначалникот Андреј Жерновски, излегоа за да видат што точно се случило и што треба да се преземе.

Градоначалникот Жерновски на соработниците веднаш им издаде наредба да се пристапи ургентно кон решавање на состојбата“, соопштуваат од Општината.

Лизгање на земјиште - Водно (1)

„Не се виновни луѓето што градат, туку оние што им издале дозволи за градба. Интервентно, овде мора да се влезе за да не дојде до катастрофа од поголеми размери“, рече Жерновски.

Општината веднаш ќе побара од градежниот факултет во Скопје итно да ја испита состојбата на земјиштето, потоа ќе се изготви елаборат и ќе се пристапи кон градење на потпорен ѕид.

Лизгање на земјиште - Водно (2)

Сегашното раководство на општина Центар контиунуирано предупредува на опасноста од лизгање на Водно поради дозволите кои што претходните општински раководства ги издале за градење на огромни зданија на Водно.

„Токму поради ова, дел од советниците на советничката група во Советот на општина Центар, предводена од СДСМ и градоначалникот Жерновски, се спротивставуваа за промената на ДУП-от “Тасино Чешмиче 2“, кој имаше за цел да дозволи изградба на десеткатница на Водно.

Лизгање на земјиште - Водно (3)

Случајот беше пратен и до Уставниот Суд на РМ, но уставните судии, со исклучок на судијата Наташа Габер Дамјановска, се прогласија за ненадлежни за овој случај“, велат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег на Водно, во неколку града и во скијачките центри

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Пожари на две места на Водно и искршено стакло на продавница

Томески: Изгаснат е пожарот во планинарскиот дом на Водно

Пожар во планинарскиот дом на Водно

Горан Наумовски

Момче и девојче повредени во сообраќајка на Водно

Горан Наумовски

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно