ФОТО: Во Влае се гради нов плоштад

Од:

Во населбата Влае во Општина Карпош денеска почна изградба на нов плоштад на површина од 6.500 метри квадратни. За реализација на проектот, локалната самоуправа ќе одвои 31.575.714 денари.park-vlaeКамен темелникот за изградба на плоштадот го постави градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски, истакнувајќи дека урбаниот проект ќе им овозможи релаксација и социјализација на граѓаните од населба Влае и околината.

park-vlae2Плоштадот се гради за граѓаните од населбите Влае 1 и Влае 2, и доколку градежните работи се одвиваат непречено, се очекува да биде пуштен во употреба кон средината на март годинава. Во наредниот период тука е предвидена изградба и на верски објект, црква, како и поплочување на платото во комплексот Порта Влае, најави Јакимовски.

stevce-jakimovskiОд планираните финансии за проектот, за градежниот дел се предвидени 11.799.999, изградбата на фонтаната ќе чини 8.302.823 денари, а за хортикултурното уредување ќе се искористат 4.098.730 денари. За урбана опрема Општината ќе одвои 4.360.548 денари а за осветлување 3.013.614 денари.

stevce-jakimovski1Архитектонското решение предвидува две партерни кружници, сплотени една во друга, поплочени со гранитни плочки како и изведба на кружна фонтана за поубав, урбан амбиент.stevce-jakimovski2Зелените површини ќе бидат хортикултурно уредени, со ниско и високо зеленило на површина од 3.192 метри квадратни, збогатени со 10.000 цветни садници. Одржувањето на зеленилото ќе биде со систем „капка по капка“ и автоматско полевање. Просторот се предвидува да биде осветлен со 50 нови канделабри со современ дизајн и содржини од урбана опрема.

Би можело да ве интересира

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ

Ден по трагедијата во Карпош – Министерството за социјална политика тврди: Починатата Ивана поднесе тужба за развод во октомври

МВР за трагедијата во Карпош: Стојанче Јовановски има обемно криминално досие

Горан Наумовски