ФОТО: Во тек се градежните активности на новиот „Сити центар“ во Прилеп

Од:

Во Прилеп во тек се градежните активности за изградба на новиот трговски центар, кој ќе претставува објект од затворен тип со комплетно решена вентилација, климатизација и греење што ќе функционира 12 месеци во годината. Парцелата е со големина од 1.617м2.Вредноста на новиот трговски центар се проценува на околу 7 милиони евра,кој ќе обезбеди нови 250 работни места.

Се предвидува паркинг-простор за околу 150 возила, дуќани, канцеларии, кафетерии и продавници на брендирана стока.

4085

Со овој проект се добиваат нови естетски вредности во самиот центар на градот, а инвеститорот на проектот, „Дравос- Инженеринг“, смета дека за период од три години општина Прилеп од работата на  Сити центарот ќе инкасира повеќе од 60 милиони денари. Прилепскиот Сити Центар се очекува да биде пуштен во употреба во јули оваа година, непосредно пред годинешниот „Пивофест“.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена