ФОТО: Во Лабуништа ќе биде поставено 25-метарско албанско знаме

Од:

Во струшкото село Лабуништа, ќе биде поставено 25-метарско државно знаме на Албанија. Постаментот и бетонската подлога каде ќе биде поставено знамето се веќе направени. Знамето според информации на А1он, треба да биде поставено деновиве, но се чекало доаѓањето на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, кој треба да присуства на свеченост кога знамето ќе биде подигнато.

Албанското знаме според кажувања на жители на Лабуништа требало да биде поставено пред изборите, но било одложено за после изборите. Лабуништа е поранешна општина во која 90% од населението се македонски муслимани односно торбеши, но кои во голем дел се членови и активисти на најголемите албански партии ДУИ и ДПА.

jarboliiii (1)

Победата на новиот струшки градоначалник Зијадин Села беше најубедлива токму во Лабуништа, каде разликата во однос на македонскиот кандидат беше повеќе од 2.000. Инаку натписи со албански симболи, патоказни табли каде имињата на населените места се испишани само на албански јазик последните неколку месеци станаа практика во Струга, нешто на што никој од надлежните државни институции воопшто не реагира.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски