Седумдесет литри на метар квадратен вчера попладне наврнаа во општина Ѓорче Петров и Сарај. Невремето проселедно со силен ветер и град предизвика големи штети.
Поплавени се подруми на повеќе станбени згради и куќи, исркеѓни се дрва и затната е дел од канализацијата.
Во општината формирана е и комисија која излегла на терен да ги констатира штетите од невремето и да направи проценка.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека и две екипи на Противпожарна заштита на Град Скопје интервенирале на црпење вода на повеќе локации во градот.
Од Управата за хидрометеоролошки работи и за денеска попладне најавуаат пороен дожд и грмежи во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Нестабилно време ќе се задржи до петок, а од сабота се очекува сончево со температура до 37 степени.