ФОТО: Во гаражи во Центар храна и глувци

Од:

Глувци, лебарки, смрад. Жителите во зградите на Градски ѕид кај Зелено пазарче се жалат дека нивните подземни гаражи се претворени во складови, каде пазарџиите ја чуваат стоката за продажба. Ова е долгогодишен проблем, тука се складира, во несоодветни услови овошје, бадеми, ореви, а како што велат станарите се пржат и тулумби.

garaza-parkin

Овие гаражи, сопствениците ги изнајмуваат или пак, продавачите на диво ги претвориле во складиште кое е потенцијален извор на секакви зарази. Пазарџиите веднаш заканувачки реагираат доколку снимате или сакате да им земете изјави.
Граѓаните интервенираа и за овој сериозен проблем го известија градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, кој веднаш им наложи на службите да интервенираат.

garaza-parking1

Од општинската инспекција веќе се алармирани надлежните од Агенцијата за храна и ветеринарство. Општина Центар веќе нема да толерира гаражниот простор да се користи како магацински или деловен простор. Согласно Законот за градење ќе бидат казнети сите лица кои во рок од 10 дена нема да користат просторот за паркинг.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар