ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ злоупотребува возила од Брза помош, возачот член на партијата

Од:

Возачот на Брзата помош кој денеска со празно возило се обиде да направи скандал на блокадите на Шарената револуција со цел провладините медиуми да ги оцрнат демонстрантите е Кирил Теновски, шеф на возниот парк во Брзата помош и член на ВМРО-ДПМНЕ од ОК Бутел. Со Теновски во возилото била и вработена во аптека, снаа на еден поранешен пратеник од коалициона партија на ВМРО-ДПМНЕ, која немала право да биде во возилото затоа што не е вработена во Брза помош.

brza pomos vozac 3

vmro vozac na kombe

Како што беше и планот, провладините медиуми преку лажно емотивни приказни удрија по Шарената револуција дека ја блокирала Брзата помош, со што наводно бил доведен во прашање живот на пациент, иако фотографиите покажуваат дека возилото било празно. Ова не е прв пат да се употребува возилата на Брзата помош со цел да направи лажна слика за демонстрантите од Шарената револуција. На секој протест, само што ќе почне, веднаш мора да помине возило на Брза помош низ демонстрантите, но редовно се пропуштале досега, без да чекаат.

kurir

Foto Blokada Brza pomos Manipulacija - 1

На видеото кое е снимано од една провладина телевизија, видливо е дека возилото на брза помош има простор да помине од десна страна, но намерно се насочува кон возилата кои што го блокираат правецот од лева страна, односно правецот кој води кон Палома Бјанка.

brza pomos vozac 4

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски

Протест во Загреб против опасниот отпад во Госпиќ: Граѓаните бараат итна санација

Горан Наумовски