ФОТО: Увидната полиција си замина, немало услови за работа

Од:

Увидната полиција си замина од улицата „Борис Серафов“ каде вечерва 10-годишно дете беше прегазено во сообраќајна несреќа. Полицијата образложи дека нема услови за работа поради граѓаните кои демонстративно се собраа, бидејќи не е прв пат на оваа улица да се случуваат вакви несреќи.

Полицијата по увидот на местото, се упати кон Ургентниот центар каде е сместено момчето. Неофицијално, прегазеното дете од сообраќајката во Ѓорче Петров има внатрешно крварење, напукнат череп и исчашување на едното рамо. Се работи за лице со иницијали З.П., дознава „А1он“.

Претходно, полицијата обележуваше погрешна страна. Тие го означија правецот во кој би требало да движи возилото, меѓутоа, автомобилот се движел во спротивната насока кога удрил во детето, со цел да ги избегне дупките на патот.

Сообраќајната несреќа се случила кога возило од марката „опел астра“ удрило во детето, кое по ударот било пренесено на Ургентниот центар, потврди МВР.

„А1он“ дознава дека во автомобилот имало маж и жена, кои, според раскажуавањата на очевидците, го однеле детето во болница по несреќата.

Непосредно, по сообраќајната несреќа стотина граѓани излегоа на протести пред Основното училиште „Мирче Ацев“. Бесни раскажуваат дека повеќепати барале да биде поставена светлосна сигнализација и лежечки полицајци, но наишле на отпор од општината и градот.

„Овде се вози 200 на саат. Ако уште еднаш падне жртва ќе го запалиме цело Ѓорче“, раскажаа тие.

Очевидци за „А1он“ велат дека момчето минувало низ улицата на пешачки премин. Жителите на Ѓорче најавија нови протести за утре, во 18 часот.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода возачот кој денеска удри велосипедист на бул. „Гоце Делчев“ во Скопје и го напушти местото на настанот

Предраг Петровиќ

Полицијата го уапси возачот кој во Маџари тешко повреди девојче и избега од местото на несреќата

Во Маџари тешко е повреденo 11-годишно девојче, возачот избега од местото на сообраќајката

Горан Наумовски

Млад џудист на „Партизан“ загина во сообраќајка близу Нови Сад, осум патници се тешко повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Објавена снимката на страшниот судир во кој загина деветгодишно дете и родителите

Предраг Петровиќ

Пијан млад човек помина на црвено во Белград: Усмрти татко, мајка и дете