(ФОТО) Ученици од Македонија со високи награди во светскaта кампања “Помалку отпад“

Од:

Две ученички од Македонија освоија две втори места во категоријата најдобра фотографија на интренационалниот натпревар од кампањата „Помалку отпад“ и програмата „Млади репортери“.

Се работи за Тамара Михајловска, ученичка во средното училиште „Раде Јовчевски Корчагин“, Скопје која освои второ место во програмата „Млади репортери за животната средина“ и Анастасија Бојковска од средното училиште „Наце Буѓони“ од Куманово, која освои второ место во категорија најдобра фотографија/фотосторија.

Оваа година, на двата интернационални натпревари учестваа 155 новинарски дела од 22 земји.

Победниците на двата натпревара беа избрани од интернационална комисија составена од претставници од УНЕСКО, УНЕП, ФЕЕ, „Associated Press“. Кампањата „Помалку отпад“ од програмата Млади репортери за животната средина е интернационална кампања во која се вклучени 15 земји; во Македонија се спроведе по втор пат и е наменета за средните училишта.

Таа е поддржана од Компанијата „Вригли“ и Фондацијата за еколошка едукација (ФЕЕ), а ја спроведе Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО.

Програмата „Млади репортери за животната средина“ претставува составен дел од програмата „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.

Screenshot_15

Screenshot_16

Screenshot_17

Screenshot_18

Screenshot_19

Би можело да ве интересира

Убавините на Галичица низ објективот на група авантуристи

Предраг Петровиќ

Фото натпревар за развој на граѓанското еколошко новинарство

Предраг Петровиќ

ФОТО: Прислушувачите фатени на дело

Ана Ололовска

ФОТО: Охрид некогаш и денес

Емир Латифовиќ

ААПЖ апелира за помош на кучето кое го преживеа куршумот на Попова Шапка

Емир Латифовиќ

ФОТО: Уништен рекламен материјал од коалицијата За подобра иднина во Прилеп

Емир Латифовиќ