(ФОТО) Тимјаник: Земјоделци сме, од земјоделие аир не гледаме

Од:

Неасфалтирани улици, диви депонии, неоранизирано собирање смет. За улично осветлување плаќаат, а го немаат.

Ова е сликата на неготинското населено место Тимјаник. По снег и по лоши временски услови во ова денеска се увери засега единствената жена кандидат за градоначалник Силвана Филипова.

Горлив проблем за жителите на ова место е цената на грозјето, која никако да ја достигне висината од пред неколку години, но и неправилното делење на субвенции.

„Не може грозјето да се дели на црно и бело. Ги изедначуваат Мерлотот и Вранецот, а знаеме дека тие две сорти не раѓаат исто. Какви субвенции, денар ни земаат два ни враќаат и пак сме во загубa. “, се пожалија жителите на Тимјаник.

Она што ги мачи жителите е и невработеноста. Најголем дел од жителите се земјоделци а од земјоделие аир не гледаат, нема заработувачка.

Би можело да ве интересира

Александар Трајановски ќе биде предложен за нов потпреседател на СДСМ

Катерина Ѓуровски

Опозицијата да не држи прес конференции со прашања, да достави докази и порача Мицкоски на СДСМ

Скандалот со ИПАРД води до врвот на власта, дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага, прашува СДСМ

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Мицкоски рече дека тој побарал да се блокираат исплатите за ИПАРД, СДСМ вели дека лаже

Катерина Ѓуровски

Николовски: Власта крие, ИПАРД програмата е стопирана

Катерина Ѓуровски