А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ФОТО: Светско а наше – Дизајн во простор

by А1он10/09/2013 - 10:27279
Share0

Улицата Мирослав Крлежа во Центар (поранешна ул. Ѓуро Ѓаковиќ) доби една несекојдневна урбана опрема која веднаш беше забележана од окото на граѓаните па и медиумите.

Добивај вести на вибер

Нашите дизајнерки Тамара Георгиевска и Марта Наумовска – Грнарова креираа урбано дело, кое предизвика огромен број на прашалници и кај локалните жители и кај случајните минувачи.

svetsko a nashe 4

Станува збор за инсталацијата “Вертикална градина” чии дизајн и изведба инспириран од потребата за поставување на бариеа која од овој запуштен дел од улицата ќе направи пријатно катче за социјализација.

svetsko a nashe 2

Многумина ќе речат дека инсталацијата е голема по обем, маркантна за секое око и дека проектот е мошне интелегентно осмислен од секој можен аспект. Георгиевска и Наумовска-Грнарова покажуваат едно несекојдневно решение за овие простори, тие добро ја имаат анализирано околината и нудат естетика и функционалност кои комуницираат со сите генерации. Ова е дизајн кој досега можеби сме го гледале на светските дизајн портали и фестивали, но неодамна е и наша гордост. Инсталацијата “ Вертикална градина” е дел од европскиот проект “Акупунктура на градот” кој во Македонија е реализиран од организацијата Јавна Соба во 2012 и 2013 година.

svetsko a nashe 1

Заслугата за оваа извонредна изведба се препишуава на Завар Дизајн, а проектот е финансиран од страна на Европската унија, Министерството за култура на Македонија, Општина Центар и компанијата Завар Дизајн. Проектот “ Вертикална градина” ќе биде претставен пред регионалната публика на архитектонската конференција во Загреб во февруари во 2014 година.

Со поставувањето на оваа урбана опрема гледаме дека локалниот креативен потенцијал и ресурси доколку се правилно искористени креираат дела со кои би се гордеел секој жител на градот. “Реакциите на ѓраѓаните во првите неколку дена беа чудни, но тоа доаѓа од фактот што нивното око не е навикнато на ваков тип на естетика и функционалност во најблиското опкружување.

Ова е инсталација која треба да влијае на подигање на свеста кај граѓаните и се надеваме дека ќе успееме во тоа.” “ Вертикалната градина” е предаденa во владение на Општината Центар која ќе води грижа оваа урбана инсталацијада стане препознатлив топоним во градот и слични дела ќе бидат поставени во повеќе делови од општината.

centar

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Горан Наумовски10/06/2025 - 13:03

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Горан Наумовски20/05/2025 - 13:40

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Предраг Петровиќ10/04/2025 - 10:42

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

Горан Наумовски18/10/2023 - 13:44

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски21/07/2023 - 14:5021/07/2023 - 15:03

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски30/03/2023 - 17:1730/03/2023 - 17:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен